Од 22 ноември почнува вакцинацијата против грип

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 22-ри ноември.

Набавени се  28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници.

Дополнително, набавени се и 21.000 комерцијална вакцина од Центрите за јавно здравство.

Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14 до 18 часот.

Заинтересираните лица можат да закажат бесплатна вакцинација од 18 ноември, преку својот матичен лекар.

Како и во изминативе сезони, велат од МЗ, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во февруари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани