Сметкопотврдите заминуваат во историјата

Се укинуваат сметкопотврдите-се намалува адмистративниот товар за фирмите.

Поедноставување на процедурите во деловното окружување, намалување на административниот товар, како и заштеда на хартија, простор и време, се придобивките од укинување на сметкопотврдата предвидено со измените на Законот за данок на додадена вредност. Со измените кои се предложени кај законот за ДДВ се укинува сметкопотврдата како пропратен документ на фискалната сметка за правдање на трошоци до износ од 6.000 денари. Со оваа измена, ДДВ обврзник, за да искористи право на поврат на влезен ДДВ, или „право на ДДВ по одбивка“ за промет до 6.000 денари, не треба да поседува сметкопотврда. Доволно е да поднесе само фискална сметка на која стои и производот и сумата потрошена за истиот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани