Во недела екстра семејна понуда во „Sky Corner“

Неделен семеен ручек е новото гастрономско доживување во Sky Corner.

Ексклузивниот хотел во стакло, хотелот што има шмек, стил, елегантност и исклучителна атрактивност и што му дава „душа“ на Охрид. „Sky Corner“, открива вистинска наука за соодносот помеѓу културата и храната и ве повикува да ги испробате неверојатните миксови од различни компоненти на храна. Гастрономскиот професионален тим во Sky Corner, има врвни вештини и техники на готвење, креирање храна и применување на правилната исхрана со посебна посветеност на принципите на гастрономијата што водат кон подобро здравје и квалитет на животот. Овојпат, нивната грижа е домашниот амбиент преку совршено зготвена храна да го доближат до вашето вообичаено неделно попладне. Оттука, новото гастрономско доживување во „Sky Corner“, е семеен неделен ручек и прекрасна можност за семејно дружење во недела-денот кој вообичаено во домашен амбиент го посветуваме на најблиските. Mенито за неделниот ручек  е: Сезонска салата, телешка супа,  свеж полнет пилешки батак (Cekin), тава ориз и палачинка со ванила крем и јагоди. Во менито е вклучена чаша вино или безалкохолен пијалок. Цените се промотивни и неверојатно прифатливи : за група од 4 лица – 1500 денари, за група од 8 лица – 2900 денари и за група од 16 лица 5700 денари. Резервациите направете ги на телефонски број 071/331-607.


Професионалците во „Sky Corner“, храната ја нудат како убава уметност и врвни гастрономски вкусови третирајќи и овозможувајќи уживање на трпезата како незаборавно задоволство.. За кратко време, „Sky Corner“ прерасна во респектабилен охридски угостителски бренд со ексклузивен препознатлив стил надополнет со европска и светска смисла за хотелско угостителски и гастрономски квалитет. „Sky Corner“ дефинитивно ја има една од најубавите кујни во Македонија со фантастично богата гастрономија и нови хит светски гастрономски трендови. Ултра модерниот хотел-бар „Sky Corner“ полека станува врвен гастрономски центар за вистинско, незаборавно и несекојдневно светско гастрономско доживување и гастрономски манифестации со специфични специјалитети. Покрај тоа, „Sky Corner“, веќе е ексклузивно место за забава и центар на охридската шема. „Sky Corner“, претставува неповторливо места за забава, дружење, размена на искуства, склучување бизнис зделки и други важни активности. Бидете дел од успешната приказна во „Sky Corner“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани