Кривични за две лица поради узурпација на недвижности.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(71) од Охрид, поради постоење основи на соменение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности“. На 26.06.2019 од општински комунален инспектор на пријавениот, кој бил управител и сопственик на фирмата и без поседување одобрение за поставување урбана опрема маси и столици на јавна површина и без да плати соодветен надоместок на општина Охрид, поставил урбана опрема, му бил изготвен записник за извршен надзор и било донесено решение за отстранување на урбаната опрема од пред угостителскиот објект. Но, од пријавениот не било постапено по решението и тој продолжил да работи и да остварува нелегални приходи на државен имот, информираат од МВР.
Во вториот случај кривична заработи жител на Лескоец.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Т.(61) од с.Лескоец,охридско и „Вита Комерц 2017“ ДОО Охрид, поради постоење основи на соменение за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности“. На 26.06.2019 од општински комунален инспектор на пријавениот, кој бил управител и сопственик на фирмата и без поседување одобрение за поставување урбана опрема (маси и столици) на јавна површина и без да плати соодветен надоместок на општина Охрид, поставил урбана опрема, му бил изготвен записник за извршен надзор и било донесено решение за отстранување на урбаната опрема од пред угостителскиот објект. Но, од пријавениот не било постапено по решението и тој продолжил да работи и да остварува нелегални приходи на државен имот.
