Партиски препукувања за вработувањата во општинската администрација

Се полни општинската администрација со партиски кадри,  обвинуваат од опозицијата. Нови вработувања во општината, во  јавните претпријатија  и охридскиските училишта се предизборно  задоволување на партиските апетити, сметаат опозиционерите.

 

Вработените немаат ниту столче,  ниту услови за работа,  а администрацијата ќе се трупа и идната година. Наместо по препораките да се работи на ефективна администрација, општината има пренатрупана и неефективна на секое ниво, вели Пецаков.

– Видете толку вработувања  наназад статистика може да ви извадат и претставува класично партиско полнење со кадри на институциите во локалната самоуправа. Која е реалноста или која е потребата тоа да го прават освен задоволување на одредени партиски интереси. Истото го имаме и следната година повторно во буџетот се предвидени вработувања за што ќе реагираме на следната седница секако со амандмани. Пет и пол милиони денари се предвидени за останати вработувања  повторно се планира одредени луѓе да бидат со договор на дело и луѓето да се држат во одредена неизвесност“, рече Кирил Пецаков координатор на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

– „Работа на опозицијата е да обвинува“, возврати градоначалникот Константин Георгиески.

Апсурдно е што вработувања се предвидени во училиштата каде обемот на работа паѓа заради се помалиот број на ученици.

Како имаме зголемен обем на работа а ние на секоја седница  за намалување на паралелките за да можат да оформат паралелка со помалку од законски предвидените 24 деца. Имаме заради зголемена обем на работа се примаат дополнителен број вработени, додаде Пецаков.

 „Во однос на школите за да има едно вработување добиваме ние согласност и од министерство за образование, и од информатичко општество. Што се однесува до тие десет огласи што се во општина Охрид  исто така се по систематизација. Голем дел се з внатрешни вработени, интерни унапредувања и сето тоа е по планот. Ние имамеуште слободни места за 20120 година кои ни следуваат по систематизација“, рече Георгиески.

Опозицијата има доблест да признае дека оправдани се   врботувањата  во ЈП „Билјанини извори“ поради зголемен обем на работа со каналот Билјанини извори.

– „Реални се вработувањата  заради зголемениот обем на работа на  ЈП „Бијанини извори“ дополнително што тоа е едно од ретките што покажува позитивни резулатти. Единствено претрпијатија поради зголемениот обем на работа има позитивни финансиски извештаи за разлика од другите кои имаат негативни извештаи и се нелогични вработувањата во останатите јавни претпријатија, додава Пецаков.

Педесеттината вработувања  се  во Градски Пазар, Билјанини извори,  Градски Гробишта,  две основни училишта  и општина Охрид,

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани