Марината по урбанистички план е предвидена во каналот Билјанини извори. Со ископ на каналот вода ќе се донесе до патот кај дирекцијата на ЈП „Комуналец“.
Таму треба да биде марината и конечно да се стави ред во хаосот со паркирањето на пловилата по Охридското езеро.
-„Ние правевме и јавна расправа по однос на издржаноста дали таму треба марина да се прави. Тоа не навлегува во Студенчишкото блато. Ако еколозите сметаат дека сегашната состојба во каналот „Билјанини зивори “ е задоволителна тогаш нема потреба од изградба на марина за организирано паркирање на пловилата. Единствен начин според мене е таму да се изгради марина. јас не сум за мегаломански проекти а и нема можност за такви проекти. Но по урбанистичкиот план просторот каде е сегашната морнарица е планиран да биде марин. И на тој начин ние конечно ќе го редиме тој хаос кој години наназад владее во каналот“, вели градоначалникот Константин Георгиески.
Сопствениците на старите дотраени возила ќе добијат решенија од комуналната иснпекција и може да има акција за нивно отстранување.
Еколозите од Охрид ЅОЅ неодамна испратија соопштение во кое се против изградба на марина во каналот Билјанини извори.
