Сообраќајка кај Лагадин, повреден малолетник

Малолетникот со уште еден повреден се префрлени во болница.

На 30.11.2019 година во 13,10 часот, на регионалниот пат пат Охрид- „Св.Наум“ кај населбата „Лагадин“, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили со охридски регистарски ознаки „Спарк“ управуван од Е.Т.(27) од Пештани и „Сеат Ибица“ управуван од А.З.(24) од Охрид.

Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „притоа, со телесни повреди се здобиле возачот на второто возило како и малолетник, сопатник во првото возило. Двајцата се пренесени во Општата болница во Охрид каде се констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи“.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани