Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10 донесена од општинскиот Совет на ден 11.06.2015 година, Oпштина Охрид објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2019
За добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз
Градска линија 1 и Градска линија 2
1. Предмет на овој оглас е доделување на дозволa за вршење на општински линиски превоз на патници за:
Градска линија 1 за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз(Релацијата е утврдена со Одлука на Совет бр.09-7951/10) и
Градска линија 2 за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз(Релацијата е утврдена со Одлука на Совет бр.09-7951/10)
Возните редови за горенаведените линии кои се прилог на овој оглас заедно со одлуката на Совет бр.09-7951/10 и останатите обрасци потребни за огласот може да се подигнат преку официјалната веб страна на Општина Охрид-www.ohrid.gov.mk.
