Со свечена забава во петок се отвора реновираното охридското бистро
„Петок 06.12 се враќаме повторно со нашите утрински навики, кафе, одличен појадок, добри пријатели, нов амбиент, претпознатлив квалитет, пријатна атмосфера, реномиран изглед, реновиран изглед, урбан центар, современо мени, нови почетоци, вкусни закуски, попладневен чај, топло друштво, префинет тим, вечерно вино, извонредна забава. Start your day from the right corner. Ве очекуваме“, е пораката од тимот на езксклузивното бистро „Корнер“. Со гала забава што се памети, „Корнер“ започна да работи на седми мај 2016 година и веднаш го освои Охрид, охриѓани и туристите. Гостите велат дека „Корнер“ е љубов на прв поглед, има шмек, стил и претставува атрактивно место што му даде „душа“ на Охрид.
Охриѓани се присетуваат дека местото каде е сегашен „Корнер“, било руина и оставено на забот на времето. Денес, тој простор е оплеменет, личи на вистинско урбано и современо кафуле по теркот на слични места во монденските места низ светот.
Денеска во „Корнер“ќе ви понудат најубаво кафе Segafredo, одличен избор на деликатестни вкусно мезе и сендвичи, smoothie milk, коктели какви сме гледале по филмови или во светските бистроа, познати палета на алкохолни и безалкохолни пијалоци но и пијалоци што се светски тренд, свежи и сезонски салати , сладоледи и торти…..Долга и атрактивна е угостителската понуда во „Корнер“ што е адут плус за неговата посебност и единственост во овој дел од Македонија. Со новиот и реновиран ентериер, Корнер“ останува љубов на прв поглед, освојува и плени со единствениот дизајн и со внимателно одбраните бои и нијанси на мебелот.Корнер“, несомнено значително ја збогати охридската туристичка понуда со вистински квалитет и претставува освежување меѓу угостителските објекти во градот.
„Корнер“ е на булеварот „Туристичка“ во поранешната стоковна „1 мај“. Tоа е новото неповторливо катче за охриѓани и секако за туристите. Денеска, откако „фрливме поглед“ на новиот редизајниран ентериер во „Корнер“, повторно со задоволство велиме дека „Корнер“ е атрактивно катче и бренд со елегантен препознатлив стил надополнет со европската смисла за квалитет. Бидете во петок во бистро „Корнер“ и бидете дел од неговата успешна приказна.

