Неделниот семеен ручек е новото гастрономско доживување во Sky Corner.
Ексклузивниот хотел во стакло, хотелот со шмек, стил, елегантност и исклучителна атрактивност што му дава „душа“ на Охрид. „Sky Corner“, открива вистинска наука за соодносот помеѓу културата и храната и ве повикува да ги испробате неверојатните миксови од различни компоненти на храна. Гастрономскиот професионален тим во Sky Corner, има врвни вештини и техники на готвење, креирање храна и применување на правилната исхрана со посебна посветеност на принципите на гастрономијата што водат кон подобро здравје и квалитет на животот.
Овојпат, нивната грижа е домашниот амбиент преку совршено зготвена храна да го доближат до вашето вообичаено неделно попладне. Оттука, новото гастрономско доживување во „Sky Corner“, е семеен неделен ручек и прекрасна можност за семејно дружење во недела-денот кој вообичаено во домашен амбиент го посветуваме на најблиските. Mенито за неделниот ручек е: Крем салата, мариниран црн домат,киселен зеленчук- млеко, соја, пченка, бистра зеленчукова супа, свинска коленица со кисела зелка и пита од јаболки. Цените се промотивни и неверојатно прифатливи а информации и резервациите направете на телефонски број 071/331-607.

