Охриѓанец се заканувал на службеници во општина

Охриѓанец се заканувал на службеници во општина.

 

-„На 05.12.2019 година, во Полициската станица Охрид, пријавен е нарушен јавен ред и мир со агресивно однесување и упатени закани од охриѓанец кон повеќе службени лица вработени во општина Охрид.. Тој, од нив побарал да му бидат дадени на увид службени документи и откако бил препратен во одделението за информации од јавен карактер, со викање, навреди и закани се обидел да изврши присилба загрозувајќи ја нивната безбедност. Пријавениот е повикан во полициска станица и против него, според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, се поднесени барања за поведување прекршочна постапка“, информираат од СВР Охрид. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани