Нов културен настан „Уметноста на оваа дата“

Членовите на литературниот клуб „Григор Прличев“ од Охрид, во вторник, 17. декември, ќе организираат културен настан „Уметноста на оваа дата“.

 

Настанот ќе обедини неколку рубрики, кои се поврзани со датата 17. декември. Ќе има мигови посветени на познати македонски и светски личности, кои дале свој придонес во развојот на различни видови уметност, краток осврт кон нивниот лик и дело, додека учесниците ќе се претстават и со свои дела, исто така во духот на темата на настанот.

Станува збор за случајно одбрана дата од тековниот месец, со надеж дека серијалот на овој вид настани ќе продолжи и во наредниот период. За посетителите ќе биде вистинско уживање забавниот, но и едукативниот карактер на презентирање на уметничките дострели во еден конкретен ден, но навраќајќи се години, децении, па и векови наназад во историјата.

Целта е да се збогати понудата од културни случувања на локално ниво. Уметноста која, за жал е ставена на маргините на современото општествено живеење, организаторите на овој настан, се надеваат дека ќе ја приближат до публиката на еден поинаков начин, ќе се поттикнат граѓаните да истражуваат и да се едуцираат за уметничките вредности, како и да се стекне навика во заедницата, да се дава поддршка на уметниците од нашето секојдневие.

Настанот ќе се одржи во кафе барот „Шила“, вторник во 20 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани