ВМРО обвинува: Вработените во градинките без плата

Вработените во детските градинки повторно се оставени без основната егзистенција за живот со власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, обвиннија денес од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

 

-„Во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ вработените сѐ уште не ги добиле своите плати што е нечовечки и спротивно на Законот за работни односи.

Дали како лажниот живот пропаднат со лагите, таков е и правиот пат којшто го ветува власта?

Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска заедно со градоначалникот Георгиески да понесат одговорност за неисплатените плати на вработените во детските градинки.

Од една страна ветуваат предизборно покачување на платите, а од друга страна доцнат со исплатата на истите.
Ваквото владеење ќе заврши по 12 април откако доаѓа обновата на Македонија“, стои во партиското соопштение. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани