Повредените, се задржани во болницата „Св.Еразмо“.
Синоќа во 20.20 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Врбјани, патничко возило „опел синтра“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(24) од Струга, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници Е.З.(53) и А.З.(29), двајцата од Струга, а со телесни повреди се здобила А.С., по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ – Охрид за укажување на лекарска помош.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, вели дека увид на местото на незгодата, извршила увидна екипа од СВР Охрид.
