Врховен одлучи , 16 години затвор за убиецот на Димитар Матилоски

Врховниот суд одлучи, наместо осум, 16 години затвор за српскиот турист Бојан Угреновиќ , кој го уби 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид.

Првично Охридскиот суд донесе пресуда за 16 години затвор, но по жалба на бранителите Битолска апелација ја преполови казната на 8 години.

На оваа одлука се жалеше јавниот обвинител од Битола, по што случајот заврши на Врховен суд, од каде деновиве пресудата е преиначена и повторно вратена на 16 години затвор.
Оваа пресуда, е правосилна, после ова законски треба да се формира извршен предмет за санкции и во таа постпака, конечно се очекува да се издаде меѓународна потерница за извршување на казната.
Семејството Матилоски после четири години очекува правда. Тие се задоволни од одлуката на Врховниот суд, очекуваат во најбрз можен рок судот да поднесе меѓународна потерница, а убиецот да ја добие заслужената казна. Има можност да биде екстрадиран и да ја одлежи затворската казна во земјава или во родната земја , соседна Србија.
Убиството се случи во јануари 2016 година. Кога од банални причини Угреновиќ до смрт го претепа Димитар Матилоски во центарот на Охрид, пред кафулето „Табана“.
Убиецот лежеше во затвор една година и шест месеци. Поради незавршен судски процес, истече законскиот рок за максимален притвор по што во јуни 2017 година , тој беше ослободен да се брани од слобода. Од тогаш му се изгуби секаква трага.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани