„Гимназиска Евровизија“ -, настан кој охридските гимназијалци веке 9 години по ред го одржуваат пред Нова година.
Се оди согласно планот, вели организаторот професорот Стефан Каневчев.
-„За 9 години, заклучно со годинава одржавме 10 концерти, секој на свој начин посебен и на различна тема. Последниве два месеци активно работиме и имаме своја цел, која пред се се должи на барање на децата и на мој целосен ангажман и посветеност”, вели Каневчев.
.jpg)
Вкупно 18 уметнички точки ке бидат изведени на годинешниот концерт „Гимназиска Евровизија”.Станува збор за изведби кои имаат соодветна кореогеафија, сцена, вели Каневцев.
-„Навистина не е лесно секоја година да бидеме уникатни. Паралелно со подготовките заедно со децата бараме и спонзорства од локалните помагатели бидејки без тоа не се може“, нагласи Каневчев.
Инаку организација на еден ваков настан чини околу 60 000 ден. На 26.12.2019 во 20 часот во ЦК „Григор Прличев“ познати наслови на Евровизиски песни без здив ке ги остават присутните.
.jpg)
Влезот е симболични 100 ден, средства кои и годинава се наменети за хуманитарни цели. Каневчев открива дека на лето се крчка голем јубилеен настан кој ке биде организиран на повисоко ниво.
новинар Билјана Николоска
