Пештанци добија кривична за незаконски риболов

Двајцата пештанци биле фатени кај Лагадин.

Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.П.(38) и Н.Г.(28), двајцата од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.
Пријавените на 15ти овој месец околу 18.00 часот биле забележани во водите на Охридското езеро кај населбата „Лагадин“, а во нивниот чамец биле пронајдени и одземени 120 парчиња риба, четири двојни рибарски мрежи, како и друга риболовна опрема, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани