Силно полициско обезбедување за Новогодишната ноќ во Охрид

Засилено полициско обезбедување ќе се грижи за безбедноста на граѓаните и туристите, кои Новата  2020 година ќе ја дочекаат на  градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

 

Во пресрет на Новогодишните празници, кога илјадници гости ќе бидат во Охрид, надлежните со апел за поголема толеранција и безбедност.

Да се внимава на конзумирањето алкохол, да се прифатат туристите како драги гости и да се надминат недоразбирањата. 

За одржување на редот и мирот полицајци ќе патролираат и пред повеќето угостителски објекти каде ќе има прослава.

„Во текот на Новогодишната ноќ, кога Охрид очекува илјадници гости од земјава и странство СВР Охрид ќе биде присутен на терен. Полициските службеници работно ќе ја поминат ноќта и ќе го дада својот максимум да имаме безбедна Новогодишна ноќ. Бројот на полициските службеници секако е соодветен на оние мерки и активности кои што ние ги планираме  како безбедност и безбедносни мерки во централното градско прдрачје но и на целото подрачкје на СВР Охрид. Зборувам и за Охрид, Струга, Кичево и дебар. Во сите овие градови ние имаме во тек се мерки кои ќе треба да се реазлизираат целосно и да имаме беспрекорна и безбедна Новогодишна ноќ. Ќе бидеме присутни на сите места каде ќе има Новогодишна прослава во центарот но и во другите делови на градот. Полициски службеници во униформа,  но и од криминалистичката  полиција ќе бидат присутни на терен и ќе ги вршат своите задачи“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

На први јануари најчесто полицискиот билтен е полн со нарушувања на јавниот ред и мир. Претежно млади  славеници,  кои под дејство на алкохол наместо да се веселат меѓусебно се  тепаат.

„Апелирам до сите наши граѓани посебно до младата популација да не употребуваат нелегална пиротехника,  да не користат алкохол. Посебно да не управуваат патнички возила под дејство на алкохол. Да се откажат од употреба на било какви психотропни супстанции кои што  можат да придонесат за негативен исход од новогодишната прослава. Ние ќе придонесеме новогодишната ноќ да мине во најдобар можен ред но апелирам уште еднаш до граѓаните да бидат приврзаници на прослава без опасни средства“, додава Димоски.

Според експертите од клучно значење при изборот на одредена туристичка дестинација е безбедносниот амбиент.

„Безбедноста во туризмот би ја разбрале како еден процес на синхронизирање и координирање на активностите на туристичките иснтитуции, безбедносните институции, здравствените институции во насока на создавање на посакуваниот безбедносен амбиент. Сите ние кога заминуваме на одредена туристичка дестинација од патувањето очекуваме многу нешта. Да се забавуваме рекреирама да посетиме споменици на културата но најмногу посакуваме живи и здрави да се вратиме дома“, вели професорот по безбедност Пере Аслимоски.

Традиционално Охрид е распродаден за Новогодишните прзници. На масовната прослава на градскиот плоштад се очекува илјадници гости да ја дочекаат Новата 2020 година.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани