Поради снегот воведена е забрана за камиони на неколку патни правци.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне во Крива Паланка, Маврово и на Стража.
Инаку, ноќеска на полноќ, поради обилни врнежи од снег, беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила на превојот Стража а во 4.50 часот утрово забрана на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар-Маврово.
