Охрид исполнет со туристи за Новогодишните празници.
Според најавите на хотелиерите, хотелските капацитети се исполнети до последно место, а гости ќе има и во приватното сместување.
Најбројни ќе бидат туритите од соседството Бугарија, Албанија, Србија и Црна Гора.
На градскиот плоштад се организира масовен дочек на Новата година. Бројните туристи и охриѓани ќе ги забавуваат Ѓоко Танески, Камелеон и Ефто Пупиноски.
