Не употребувајте петарди, илјадници луѓе остануваат иинвалди

Охридската полиција со апел да не се употребуваат петарди.

Секоја година стотици луѓе завршуваат со тешки повреди предизвикани од пиротехнички средства. Од СВР Охрид апелираат не само да не се  употребуваат петарди, туку  и да се пријавува нивната нелегална продажба.

Статистичките податоци укажуваат дека  150.000 луѓе во светот секоја година остануваат инвалиди поради користење петарди, а  најтрагично е тоа што  80 % од нив се  деца.

Во пресрет на празниците полицијата спроведува  акциски контроли за откривање и санкционирање на лицата, кои вршат нелегална продажба на пиротехнички средства.

–  „Ова е период кога СВР Охрид интензивно работи на терен во насока на сузбивање на нелегалната трговија со пиротехнички средства. Од тука полициските службеници се постојано на терен,можам да речам деноноќно и ги контролираат сите физички и правни лица кои на подрачјето на сите јавни места,  но и во деловни објекти може да вршат нелегална продажба на пиротехнички средства. Она што е значајно е дека во овој досегашен период од извршените конторли нема забележливо присуство на пиротехнички средства на подрачјето. А исто така  е мошне значајано да нагласам дека полициските инспектори вршат превентивно односно едукативна кампања против злоушотреба на петарди и неегална продажба на пиротехнички средтсва“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

 Неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно со Законот Паричните казни се движат од двесте до осумстотини евра.

– „Нелегалната употреба на петарди и друга пиротехника е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозиви. Значајно е што нашите полициски службеници се постојано на терен. 0232 Исклучително се негативни ефектите од злоупотреба на петарди. Статистиката покажува дека на нашето подрачје и пошироко во земјава и во светски рамки има сериозни поврди налицата кои ја злоупотребуваат пиротехниката“, додава Димоски.

Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Одделенијата за превенција при Секторите за внатрешни работи спроведуваат кампањи, изработуваат флаери и плакати и одржуваат различни предавања преку кои укажуваат на можните последици од употребата на пиротехничките средства.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани