Голем интерес за Новогодишниот базар на ракотворби

По втор пат Новогодишен  базар на ракотоврби во Охрид. Манифестацијата чија цел е промовирање на занаетите им овозможува на вредните изработувачи на  ракотворби  да ги презентираат своите уникатни дела пред туристите.

 

Странците особено ги вреднуваат   рачно изработени производи како накит,украси, слики,  ташни, шалови и други аксесоари.

– „Имаме плетени ташни, капи, накит од различни техники, производи од кожа. 0Неколку пати сум кажал дека рачните изработки се повеќе се ценат и бараат и почитуваат.  Гледам дека се поголем е интересот и за изработка на рачни изработки бидејќи на голем дел од изработувачите тоа им е како дополнителна работа и втор прилив на средства во семејството.  Имаме за цел да се промовираме ние охридски мотиви и охридски ракотворби“, Драган Горгиески организатор на Новогодишниот базар.

Со свилени конци во комбинација со бисери, монисти  и  школки,   охриѓанката Билјана Тодороска е единствената во регионот која иработува суташ накит. Обетки, огрлици, нараквици,брошеви,  прстени се вистински ремек дела на оваа вешта уметница.

 „Суташ е една од најретките технички што се застапени кај нас и та е техника на спојување на конци со вметнување на различни монисти, бисери и други материјалчиња. Бидејки се уникатни моите изработки се доста интересни за потрошувачите и ги следам сите базари ис лучувања и гледам што повеќе да се промовирам и претставам. Мојот накит е достапен и во дукан во Охрид и Скопје а секако го нудам и на интернет“,  вели Билјана Тодороска изработувач на суташ накит.

Годинава на базарот има околу петнаесеттина учесници. Покрај од градот Охрид ги има и од Струга, Скопје и Битола.

– „Новогодишниот базар се одржува во хотел „Силекс“ и оваа година со  малку поголемо присуство на охридските ракотворци. Пропратено оваа година покрај базарот го имаме надополнето со една куклена театарска претстава од „Кактус“. 0048 Баш е специфичен. Сите кои што доаѓаат и на два и на тридневни аранжмани кој стигнува кој не стигнува да ги псоет и да ги најде во центарот на градот тука токму на едно место може да се најде нешто автентично охридско и новогодишно, вели Наум Коруноски хотелиер.

Новогодишниот базар на ракотворби, што се одржува во хотелот „Силекс“    претставува збогатување на туристичката понуда на градот Охрид.  Планот е во иднина да се проширува со присуство на се поголем број ракотворци.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани