Со лампиони, полицијата ја честиташе Новата година

Традиционално, 11-та година по ред, полицијата со лампиони ја честиташе Новата година

Секторот за внатрешни работи од Охрид во соработка со Интернационалната полициска асоцијација (ИПА регион Охрид), денеска на симболичен начин со подарување новогодишни лампиони и миризливи стикери како и со пригодни флаери со испишани порака за безбедно учество во сообраќајот, на охриѓани и на туристите кои во Охрид ќе ја прослават новогодишната ноќ, им ја честита Новата 2020 година.


На овој начин, на сите граѓани ќе им посакаме здравје, лична среќа, деловен успех и се најдобро во годината што следува. Воедно, потсетуваме дека во текот на новогодишната ноќ, полициски службеници ќе бидат поставени на градскиот плоштад и приградските населени места а сообраќајната полиција, ќе врши контрола на сообраќајот на целото подрачје. Целта е да се зголеми степенот на безбедност во градот а граѓаните и туриститете да се чуствуваат безбедно и сигурно во Охрид. Истовремено, укажуваме на неопходноста од воздржување на употреба на петарди и други нелегални пиротехнички средства за време на новогодишната прослава. Апелираме до сите возачи да не управуваат моторни возила под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните прописи, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани