ЈП “Билјанини Извори” денес во одделот за геријатрија при Општата болница – Охрид донираа 6 анти декубитни душеци и две ПВЦ врати за потребите на одделот.
Донацијата од страна на ЈП “Билјанини Извори” официјално ја предаде директорката на претпријатието Гордана Јованоска.
-„ Оваа скромна донација е еден мал придонес од нас како општествено одговорно претпријатие во насока на подобрување на секојдневните услови на сите присутни во одделот за геријатрија“, истакна Јованоска.
ЈП Билјанини Извори и во иднина ќе продолжи да се однесува општествено одговорно во рамките на можностите на претпријатието.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
