Разбојникот е 29 годишен охриѓанец, тој е во притвор..
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Н.(29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
–Пријавениот, на 29.12.2019 околу 05.40 часот во населбата „Грашница“ во Охрид со остар предмет ја нападнал Ј.С.(66) од Охрид по што и ја одзел чантата во која имало пари и два мобилни телефони. Него му e одредена мерка притвор од 30 дена, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

