Верниците ги преплавија охридските цркви и манастири

Илјадници верници  ги преполнија бројните  цркви  и манастири на брегот на Охридското езеро.

Традиционално за време на Божиќните празници Охрид полн со туристи од земјава и соседството.

Хотелиерите задоволни,  споениот празничен викенд Бадник и Божик  им донесе многу туристи.

Охрид е веќе етаблиран туристички центар, за Новогодишните и Божикните празници,  туристичките работници нудат убава јануарска празнична приказна. Се нудат поволни аранжмани со конкурентни цени и богата понуда.

„Убав јануари, полн со празници и полн со гости и убави моменти. Најголема исполнетост имаме од бугарските оператори исто така грчки туристи гости од Црна Гора и Албанија. Интересот е исто така голем. Убава понуда, убави цени  добра забава“, вели Наум Коруноски хотелиер.

Иако Божиќ е семеен празник  овој продолжен викенд  голем број домашни и странски гости го минуваат токму  на брегот на Охридското езеро. Главна атракција за големиот христијански  празник се  средновековните црковни храмови, културно историските споменици, градскиот плоштад, кејот на езерото….

Туристи во Охрид се oчекуваат и за   Православна Нова година, но кулминација традиционално  за празникот Богојавление Водици, кога и завршува јануарската  сезона.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани