ФОТО: Верниците денес во Богородица Челница

По повод втор ден Божиќ посвтен на празникот Собор на Пресвета Богоодица утрово се одржа богослужба во црквата Света Богородица Челница.

 

Голем број верници заедно со свештениците на чело со митрополитот дебарско кичевски Владиката Тимотеј се помолија за подобро утре. 

Света Богородица Челничка — македонска православна црква, сместена во стариот дел на Охрид, во населбата Варош.[1] Црквата се наоѓа југоисточно од црквата „Мали Св. Врачи”. Изградена е на темели од средновековна црква. Од источната страна се потпира на градските ѕидини, каде е откриена градска порта, која ја сметаат за еден од трите влеза во стариот дел на градот. Поради својот план на двокорабна градба, оваа црква е единствена во Македонија. Зачувани се фрагменти од фрески кои според стилските карактеристики му припаѓаат на охридското ѕидно сликарство од XIV век. Кон крајот на XIX век Дичо Зограф ја живописувал црквата, а во 1901 година и Коле Момиров работел некои фрески. На 7 август 2011 црквата била преосветена.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани