ФОТО: Отруени кучиња и мачиња во Охрид

Повторно труење на животни во Охрид. Синоќа активистите објавија слики од отруени кучиња и мачки.

 

-„ Надлежните ќе дојдат само на терен (ако воопшто и дојдат), ќе направат записник и толку – нема ни истраги, ни санкции, ни приведување осомничени. И ова вака не е само во Охрид (како што умеете да донесете заклучок дека само охриѓани се злобници), ова вака е ширум целава земја. А така е зошто надлежните затајуваат, затоа што нема врачување отказни решенија кај оние што затајуваат, затоа што нема детални истраги, нема затворени земјоделски аптеки од каде отров се купува, ништо нема, ама па затоа Еуропа + Нато во земјава ќе ги има. Ах, да, за скоро и избори ќе ги има, божем имаш нешто да избираш“, пишува Климент Арнаудов познат активист од Охрид. 

Покрај отруените кучиња во Охрид, отруени се и маченца, информираат активистите на социјалните мрежи.  Граѓани сведочат дека ги имало и други затруени маченца.

Според активистите  овие труежи се организирани. 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани