Богојавление Водици во Охрид помина без безбедносни проблеми.
Во врска со безбедносниот аспект околу одржувањето на верскиот празник Богојавление Водици, на својот ФБ профил, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, напиша: „Големиот празник Богојавление Водици, во Охрид помина во беспрекорно поволна безбедносна состојба. Немаше нарушувања на јавниот ред и мир, немаше џепни кражи ниту сообраќајни незгоди“.
Портпаролот Димоски, ваквата изјава ја даде во отворената празнична програма за ТВ „ Сител“ каде зборуваше за сетот безбедносни мерки што СВР Охрид ги презема за обезбедување на собирот.

