Како подобро да се започне второто полугодие од учебната 2019/20 година, ако не со прегратка. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ -Охрид го одбележаа 21 Јануари, Меѓународниот ден на прегратките.
Денес нашите ученици на влезот во училиштето ги дочекаа своите соученици со следните пароли:
„Прегратката за среќа е бесплатна“
„Започни го второто полугодие со прегратка“
„Подари ми, најсилна прегратка“
„Прегратки за петки во второто полугодие“
Традицијата за прегрнување на овој ден е започната 1986 година од страна на Кевин Заброни. Целта е да се поттикне секој поединец да ги прегрнува пријателите и членовите на семејството почесто. Психолозите го поттикнуваат прегрнувањето, се смета дека има лековити својства и го прави животот подолг и поубав. Иако е еден од наједноставните начини да се искаже приврзаност, во последно време потребно е луѓето да се поттикнат за да се прегрнуваат повеќе.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
