Една година откако мистериозно исчезна женката црн лебед со име „Лилит“ ден после Водици сама се врати во Охридското езеро.
.jpg)
Лилит е здрава, жива и порасната, информира професорот Зоран Тунтев, кој лично беше дел од проектот за заживување на црните лебеди во езерото.
.jpg)
-„Сакајте ги животните. Ним Господ им подарил зачеток на мисла и тивка радост. Не нарушувајте ја таа мисла, не мачете ги, не одземајте им ја радоста. Не противете се на мислата Божја.” – Ф. М. Достоевски
Ден после Водици, се случи чудо: се појави Лилит, здрава, права, порасната.“, напиша на својот фејсбук профил Тунтев.
.jpg)
Лилит и Адам беа двата црни лебеди кои беа донесени од зоолошката градина во Белград со цел покрај белите и црни лебеди да го красат Охридското езеро. веднаш кога беа пуштени во вода Адам одлета , остана Лилит сама. После неколку месеци мистериозно исчезна и таа.
новинар Соња Рилковска
