Татко насилник го претепал малолетниот син

Малолетникот завршил во болница а насилникот добил кривична.

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,телесна повреда“ и ,,неизвршување на судска одлука“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од охридското село Лескоец.
Тој, на 17.12.2019 година во семејниот дом, каде, непочитувајќи го решението од Основниот суд Охрид со изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство, физички го нападнал неговиот малолетен син. Притоа, малолетникот се здобил со повреди кои му биле санирани во Општата болница во Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани