За два дена доаѓаат експертите од Унеско

Задутре доаѓаат експертите од Унеско за да направат ревизија до каде е исполнувањето на препораките.

 Најдоцна до 2023 година, сите бесправно изградени објекти за кои ќе се утврди дека се штетни за природното и културното наследство во Охрид ќе бидат урнати, дознава „Слободен печат“ од високи извори во Министерството за животна средина и просторно планирање. Ваквиот краен рок е потенциран и во Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, што го донесе Владата.

Согласно истиот план во целото охридско крајбрежје се забрануваат нови плажи, тампонирање, потпорни ѕидови и нови марини.

Инаку задутре на 29 ти јануаи попладне ,  тројца претставници на советодавното тело на УНЕСКО доаѓаат во Македонија за да проверат како државата ги исполнува нивните препораки. Македонија ќе ги пречека со акциски план од 300 страници за тоа како во наредните девет години ќе се справува со проблемите со дивоградбите, автопатот А2, железницата и крајбрежната трансформација. Уште се формира агендата за тоа каде владата ќе ги прошета претставниците на УНЕСКО, но извесно е дека ќе го посетат колекторот во Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани