Повреден шумски полицаец во акција на Јабланица

При акција,  „лов“ на дрвокрадци на Јабланица повреден е еден шумски полицаец.

Шумската полиција, синоќа успеала да заплени 150м3 крадени дрва и осум коњи, дознава ОхридНет.ком. 

Повеќе информации се очекуваат од СВР Охрид во текот на денешниот ден. 

Дрвокрадството, со години  е болна точка во регионот на Јабланица.Шумите се пустошаат со нелегална сеча. Во 2014 година , како дел од акцијата „Гора„ беа фатени тројца дрвокрадци на Јабланица, кои ги транспортираа дрвата со коњи. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани