На следната седница на општина Охрид закажана за 31 Јнуари во 14ч советниците ќе одлучуваат за а усвојување на динамички план за отстранување на бесправно изградени објекти – плажи.
Советниците ќе ги разгледаат и :
Предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
Предлог – одлука за преместување на спомен-обележјето на Григор Прличев.
Предлог – измени и дополнувања на Развојната Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022.
Предлог годишна Програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.
Градоначалникот Константин Георгиески, по повод празникот Свети Сава упати празнична честитка до припадниците на српската заедница кои живеат во Охрид и Република Северна Македонија.
– Ви го честитам големиот православен празник Свети Сава и ви посакувам многу здравје, среќа, бериќет, духовен мир и општа благосостојба. Одбележувањето на ваквите големи празници нека бидат мост за градење доверба и меѓусебно почитување, уважување и развој на вкупните општествени односи. Воедно, Ви изразувам искрена благодарност за вашиот постојан придонес во градењето на соживот и просперитет на нашиот древен Охрид. Со ваквите чествувања им даваме пример на идните генерации како треба да ја почитуваат традицијата и универзалните вредности– се вели во честитката на градоначалникот Константин Георегиески упатена до припадниците на српската заедница.
