Полицајците „уловија“ пастрмки и рибарски мрежи

Полициската акција била изведена кај Пештани.

Охридската полиција посветена и во борбата против рибокрадството. На 27.01.2020 година во 19,45 часот, при преземени мерки на подрачјето на населбата Пештани, полициските службеници запреле патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки.
Притоа, од возилото, излегле две лица и започнале да бегаат по што исфрлиле една вреќа со 2 риболовни мрежи и 20 парчина риба Охридска пастрмка а по преземени мерки, констатирано е дека патничкиот автомобил е управуван од И.Л.(56) од Пештани, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Риболовните мрежи и уловената пастрмка, се предадени во Хидробиолошкиот завод. СВР Охрид работи на целосно расветлување на настанот по што ќе поднесе соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани