Санацијата на колкеторскиот систем во Охрид ќе заврши во мај годинава. Пумпните станици се веќе исчистени, заменети се и старите тдотраени делови со нови.
Најголемите запушувања во колекторот и фекалната канализација настануваат поради корења од дрва но и несовесно одлагање на оптад.
Крпи, марамици, шут и сличен отпад го попречуваат функцинирањетто на колекторот.
-„Има премногу корења кои се навлезени во споевите на цевките, бидејќи не се направени како што треба уште во самата изградба, а кои го отежнуваат и попречуваат во целост функционирањето на колекторскиот систем. Поради тоа настануваше излевање на фекалии во Охридското езеро“, вели Владимир Алексиски, директор на јавно претпријатие Колектор.
После санацијата планирани се работилници за подигнување на еколошката свест на населението.
За санација на колексторскиот систем Владата издвои 4 милиони и 200 илјади евра.
