Зошто власта и опозицијата три дена молчат за посетатата на делегацијата на УНЕСКО ?, прашува Никола Митровиќ од политичката платформа Македонски концепт.
-„Запрепастувачки е молкот кој три дена ги има обземено како Локалната самоуправа така и опозициската ВМРО ДПМНЕ кои тонат во целосен молк и нити информираат нити бараат информација што се случи минатите три дена додека делегацијата на УНЕСКО престојуваше во Охрид.
Зачудувачка е леснотијата со која владејачката СДСМ ( со целиот нејзин естаблишмент во градската власт ) и целата сега опозициска ВМРО ДПМНЕ ( која претходно беше на власт, а сега има советници во Советот ) молчат или не реагираат и заедно како да се коалициони партнери во јавноста ја игнорираат посетата на УНЕСКО.
Поновата историја на Охрид ја паметат денес живите генерации и тие знаат дека минатите 30 години двете партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се менуваа на власт и ваквото заедничко молчење и игнорирање на посетата на оваа мисија на УНЕСКО на Охрид само ги подгрева сомнежите дека двете партии заради блискоста со градежната мафија и бандитите во овој бизнис нанеле несогледлива штета на Охрид која сега сакаат да ја сокријат од јавноста и од граѓаните.
Македонски концепт ги повикува Локалната власт предводена од СДСМ и локалната опозиција предводена од ВМРО ДПМНЕ да соопштат или прашаат што се случи со посетата на претставниците на УНЕСКО и какви се перспективите на Охрид во поглед на негово бришење или останување на списокот на светското наследство“, стои во соопштението до јавноста од политичката платформа Македонски концепт.
