Познат е идентитетот на повредениот кај „Оровничка плажа“

Повредениот бил во тешка здравствена состојба.

Вчера во 16.20 часот, на регионалниот пат Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“, случена е сообраќајна незгода во која, патничко моторно возило „Фиат Брава“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(32) од струшкото село Лабуништа, удрило во пешакот Ј.Т.(33) од селото Волково, скопско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани