Стружанецот е лишен од слобода.
Синоќа околу 18.00 часот, полициски службеници од полициската станица Струга на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, од слобода го лишија К.М.(38) од селото Мислешево.
– При преглед, кај него пронајдени и одземени се пет пакувања со опојна дрога кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

