Континуирано расте бројот на туристите во Музејот во Куќата на Робевци.
Со зголемувањето на бројот на туристи кои се заинтересирани за културното наследство на Охрид, расте и бројот на посетители во Музејот во Куќата на Робевци. Во 2019 година музејот го посетиле 8.276 лица, од кои 2.296 странски гости, 2.300 ученици. Гледано по месеци, најдобра посетеност е регистрирана во мај.
– Со обновата на поставката во музејскиот објект Куќата на Робевци овој број во иднина ќе биде многу поголем, Бојан Танески, вели археолог кустос во Завод и музеј Охрид.
Инаку, поширок напис под наслов Златната соба атракција за посетителите на Музејот во Куќата на Робевци во Охрид, е поместен на МИА.
https://mia.mk/zlatnata-soba-atrakci-a-za-posetitelite-na-muze-ot-vo-ku-ata-na-robevci-vo-ohrid/
