20 годишникот ќе добие пријава.
Синоќа во 21.20 часот во близина на струшката населба „Теферич“, полициски службеници на СВР Охрид запреле патничко возило „хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П. од Вевчани. При преглед во возилото, под совозачкото седиште бил пронајден сигнален пиштол ,,Олимпик 38“ калибар 3809 милиметри, кој совозачот во автомобилот О.Д.(20) од Вевчани нелегално го поседувал. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
