Прв случај на корона-вирус во Македонија

Пациентката цел месец била болна, престојувала во Италија.

Македонија го регистрира првиот случај на корона-вирус во земјата. Станува збор за жена од Скопје на возраст од 50 години, која во престојувала во Италија, а во државата влегла преку граничниот премин Табановце.  Патувала со комбе во кое имало и други патници, по кои сега здравствените власти трагаат за да ги идентификуваат и регистрираат. Од граничниот премин била преземана со возило од членови на нејзиното семејство. Пациентката се наоѓа на интензивна нега на Инфективна клиника, но слободно дише и е во излација. Таа цел месец била болна во Италија и ноќеска меѓу 02 и 03 часот директно се упатила на Инфективна клиника. Ова го потврди министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференцијата попледнево во Влада.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани