Полицијата ги фатила со марихуана и хероин.
Синоќа во 23,15 часот, на булевар „Железничка“ во Охрид, извршена е контрола на патнички автомобил марка „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.С. (69) од Битола.
–Кај него, при преглед, пронајдени и одземени се две најлонски кеси со опојна дрога марихуана а во автомобилот, дополнително пронајдена и одземена е една најлонска кеса со опојна дрога хероин. Возачот на автомобилот, заедно со сопатникот И.С.(47), се приведени и против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
