Од „Мирен сон“ ги препорачуваат овие мерки:
Имајќи ги во предвид неопходноста, специфичноста и ризичноста на дејноста погребување, а заради појавата на вирусот Covid 19 ( Корона ) 12 члениот тим на операторот на погребални услуги ДООЕЛ Мирен Сон Охрид користејки го сопственото 30 годишно искуство, почитувајки ги препораките од Министерството за Здравство, препораките од Светската здравствена организација, како и препораките од нашите колеги од Италија со кој имаме соработка и кои несебично ни ги пренесоа сопствените искуства се вклучуваме со мерки наменети за превенција и заштита од корона вирусот за погребалните претпријатија, за членовите на семејствата, како и за присутните граѓани на погребите.
Превенција и заштита за погребалните претпријатија :
– Пред вашите простории поставете средство за дезинфекција со јасно видлив натпис посетителите пред влегување и после заминувањето да го користат средството за дезинфекција.
– Редовно и повеќе пати дневно бришете ги површините и кваките во работните простории и возила со средство за дезинфекција.
– Одбегнувајте ракување и близок контакт со посетителите.
– После секој контакт измијте ги рацете со средство за дезинфекција и со топла вода и сапун најмалку 30 секунди.
– Употребувајте чаши за еднократна употреба.
– Не користете пешкири за бришење туку хартија за една употреба.
– Вршите редовна дезинфекција на просториите и возилата ( ако е потребно и повеќе пати дневно).
– Преземањето на починатото лице задолжително вршете го со заштитни ракавици и маски со ознака ППФ3 или маски за еднократна употреба, заштитни очила, а во потешки случаи со специјални заштитни одела.
– Вработените во погребалните претпријатија во капелите при организација на погреб задолжително да носат заштитни еднократни ракавици, а во потешки случаи и маски со ознака ППФ3.
– Не се приближувајте под 1 метар од присутните.
– Советувајте ги семејствата на починатите за нивните постапки за време на погреб.
– Задолжително придржувајте се на препораките од Министерството за здравство.
Превенција и заштита за членовите на семејствата и присутните на погребите
– Пред доагање во капелите, пред и после ручек како и на заминување од погреб измијте ги рацете согласно препораките од Министерството за Здравство .
– Одбегнувајте меѓусебно ракување и меѓусебен близок контакт (изразувајте сочувство без ракување, гушкање и бакнување).
– Изразувајте сочувство по телефон или по електронски пат.
– Оддавање на почит само со палење на свеќа и молитва без контакт со присутните кај православното население и само со молитва кај муслиманското население.
– При кивање кашлање и слично постапувајте по напатствијата од Министерството за здравство – оддалечете се од останатите присутни, поставете марамче, лакт или рака пред вас.
– Потрудете се да запазите растојание едни од други .
– Задолжително придржувајте се на препораките од Министерството за здравство.
Во зависност од ширењето на вирусот овие мерки можат да претрпат измени.
Препорачуваме овие превентивни мерки да ги преземат останатите погребални претпријатија и без наша согласност слободно можат да ги употребат и објават.
Се надеваме дека со овие превентивни мерки и ние ќе дадеме допринос во справувањето со овој вирус.
