Комуналните инспектори од инспекторатот при Локалната самоуправа во координација со Државниот пазарен инспекторат и СВР Охрид вечерва спроведоа контроли за почитување на работното време во согласност со препораката на Владата на Република Северна Македонија како дел од превентивните мерки за заштита и превенција од корона вирусот Ковид-19, информира градоначалникот Константин Горгиески.
Ваквите контроли ќе продолжат и ќе се извршуваат редовно и во текот на наредните денови, додека трае препораката за скратено работно време до 18 часот на угостителските објекти. Упатуваме апел до сопствениците на угостителските објекти да се придржуваат до препораките. Исто така упатуваме апел и до граѓаните да покажат колективна свест и да постапуваат согласно со сите препораки за превенција, апелира Горгиески.
