Деновиве започнаа работни активности за асфалтирање на паркинг просторот позади Студенскиот дом „Никола Карев“ на улица „Партизанска“.
Овие активности се дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид во делот за Изградба и реконструкција на улици кружни крстосници, паркинг простори и велосипедски патеки.
Паралелно со уредувањето на овој паркинг простор се уредува и паркингот во населбата „Охридати“ во непосредна близина на хотел „Дипломат“, информира градонаалникот Константин Георгиески.
