Во насока на исполнување на оперативните мерки за соодветно и навремено делување при справувањето со Корона вирусот Ковид 19, денеска во просториите на Локалната самоуправа беше одржан координативен состанок со претставници на сите здравствени институции од подрачјето на Општина Охрид.
На состанокот беше дефиниран оперативниот план за згрижување на пациенти кои ќе имаат потреба од болничко лекување, согласно утврдените протоколи од страна на Министерството за здравство и препораките на Светската здравствена организација. Беше утврдено дека
Направени се сите потребни подготовки за навремено делување на Одделот за интензивна нега во рамки на ЈЗУ Општа Болница. Ова ќе биде оддел каде што ќе се згрижуваат пациентите со потешка клиничка слика и потреба од интензивно лекување.
