Известување од полицијата до граѓаните

Известувањето е поврзано со дозвола за движење.

СВР Охрид ги информира граѓаните кои доставуваат барање за дозвола за движење за време на полициски час посебно за време на викенд, поради потреба од дохрана на кучиња кои ги чуваат на друг имот и надвор од својот дом, дека тоа можат да го направат во времето од 08 до 09 часот наутро или од 17 до 18 часот попладне.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека граѓаните „ потребно е во нивните барања точно и прецизно да го наведат местото и времето во кое ќе сакаат да го остварат ова право“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани