Приведен охриѓанец фатен со марихуана

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна. Во периодот од 07 часот на 18.04. до 07 часот на 19.04.2020 година, вкупно седум лица ја прекршиле забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Охрид-2, Струга-4, Кичево-1).

Против нив, ќе бидат поднесени кривични пријави во согласност со член 206 од Кривичниот законик “непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 18.04.2020 година, во 11.50 часот, на улицата „Сатеска“ во Охрид, затекнат е Н.М.(45) од Охрид и при преглед пронајдена е една најлонска кеса со опојна дрога марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и други казнени дела. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Охрид, нема регистрирани нови лица со решение за изолација и извршени се 31 контрола на лицата кои веќе се во изолација. Во Охрид, евидентирано е едно ново лице во самоизолација и извршени се 181 контроли врз овие лица (Охрид-38, Струга-2, Кичево-26, Дебар-115).

На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 342 лица што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид-91 Струга- 251), кои се сместени во три сместувачки објекти (Охрид-2 Струга-1).Полициските службеници извршија 77 контроли на угостителски објекти, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 
Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана за движење за сите граѓани на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 05 часот наредниот ден, како и за време на продолжениот викенд кога се одбележува христијански празник Велигден. Овие мерки ќе траат сѐ до 21 април 2020 година (вторник) до 05 часот.
Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана за движење за сите граѓани на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 05 часот наредниот ден, како и за време на продолжениот викенд кога се одбележува христијански празник Велигден. Овие мерки траат сѐ до 21 април 2020 година (вторник) до 05 часот.
Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани